X
 05.01.2023 Здравје

Откриена врска помеѓу ќелавоста кај мажите и засладените пијалаци

Мажите што пијат газирани пијалаци треба да бидат внимателни. Ново истражување од Универзитетот „Цингхуа“ во Пекинг откри врска помеѓу засладените пијалаци и губењето на косата кај мажите. Под засладени пијалаци се мисли на газирани пијалаци, вештачки засладени сокови и енергетски пијалаци, меѓу другото.

Ова истражување не е прво што ги покажува лошите последици на овие пијалаци врз здравјето на човекот, а лекарите долго се сомневале дека има врска помеѓу вишокот шеќер и губењето на косата. Истражувачите спровеле анкета на 1.028 мажи на возраст од 18 до 45 години во Кина.

Според резултатите, испитаниците што биле ќелави пиеле просечно 4,293 литри засладени пијалаци неделно. Од друга страна, испитаниците што немале проблем со ќелавост пиеле само 2,5 литри.

Истражувачите посочуваат дека се потребни дополнителни испитувања, но претпоставуваат дека главната причина за ќелавоста се крие во кревањето на нивото на шеќер во крвта. Истражувања за дијабетес претходно покажале дека зголеменото ниво на шеќер во крвта се поврзува со губењето на косата.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје