X
 13.06.2017 Наука

Науката потврди: Жените подобро „читаат“ мисли од мажите

Истражување за жените покажува дека за време на тестирањето спроведено од научниците, жените постигнале подобри резултати од мажите и покажале дека имаат многу подобра способност за „читање“ на мислите.

Жените почесто имаат генетски мутации кои им овозможуваат да „читаат“ некој гледајќи го во очи, тврдат научниците од Универзитетот во Кембриџ кои направиле тест за когнитивна емпатија наречен „Читање на умот во очите“ на 89.000 луѓе ширум светот.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето можат брзо да препознаат што другата личност размислува или чувствува гледајќи во нивните очи. На тестот во ова истражување, жените постигнале подобри резултати од мажите и покажале дека имаат подобра способност за „читање“. Ова е најголемото истражување некогаш спроведено кога станува збор за когнитивна емпатија.

„Се покажа дека способноста за читање на туѓите мисли и чувства делумно се поврзани со гените“, изјави Варун Вариер од Кембриџ.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука