X
 11.10.2018 Технологија

„Инстаграм“ ја зајакнува борбата против вознемирувањето

„Инстаграм“ додаде функција против вознемирување, користејќи вештачка интелигенција за скенирање на фотографии за да ги идентификува евентуално проблематичните содржини.

Оваа функција автоматски ги препознава елементите на вознемирување и известува за содржината. Потоа вработените во „Инстаграм“ разгледуваат дали фотографијата ќе остане или ќе биде отстранета, соопшти Адам Мосери, првиот човек на „Инстаграм“.

- Тоа ќе ни помогне да идентификуваме и да отстраниме голем број вознемирувачки содржини - истакна Мосери и додаде дека тоа е голем чекор бидејќи многу жртви на малтретирање не го пријавуваат.

Примената на функцијата постепено ќе биде распоредена во текот на следните недели на севкупниот систем на „Инстаграм“.

Мосери истакна дека вознемирувањето на интернет е сложено прашање и дека целата екипа на „Инстаграм“ ќе работи да го ограничи што е можно повеќе.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија