X
 21.08.2019 Технологија

„Фејсбук“ и „Инстаграм“ најпопуларни социјални мрежи кај Македонците

Во државава има 1,1 милион корисници на социјалната мрежа „Фејсбук“, за сто илјади повеќе во споредба со минатата година, а повеќе од половина милион или 540 илјади лица се приклучени на „Инстаграм“.

Според податоците на специјализираната страница statista.com, од регистрираните 1,58 милион корисници на интернет во државава, две третини се активни на некоја од социјалните мрежи, најмногу на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“.

Во светот има 4,1 милијарди интернет-корисници, а 3,2 милијарди од нив користат социјални мрежи.

Предничи „Фејсбук“ со 2,37 милијарди корисници, по што следуваат „Јутјуб“ со две милијарди, „Месинџер“ со 1,3 милијарда, „Инстаграм“ со милијарда, Твитер со 330 милиони...

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија