X
 05.07.2019 Живот

Дронот како спас од ајкули

Ден Вотсон бил со својата фамилија на популарната плажа Њу Смирна во Флорида кога им се случила речиси филмска сцена.

Таткото од брегот ги набљудувал децата како се капат, па помислил дека би било идеално да ги сними со дрон.

Меѓутоа, кога погледнал што има во кадарот, се шокирал. На само десетина метри од неговите деца можела да се види сенка на ајкула. Таткото веднаш почнал да вика по нив да излезат од водата.

Тој на „Инстаграм“ објави две фотографии. На првата може да се види како ајкулата оди кон децата, а на втората се гледа како тие излегуваат од океанот, а ајкулата заминува кон длабоките води.

- Кога размислувате за ајкули, помислувате дека се во длабоките води, никогаш не ги замислувате толку близу и не мислите дека би можеле да дојдат до плиткото. Застрашувачко е да се види колку таа се приближила до моите деца - истакна мајката Сали.


 Фото: Instagram
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот