X
 05.02.2019 Култура

„Санденс“ низ објективот на екипата на „Медена земја“

Специјално за Факултети.мк, екипата ни испрати нивни фотографии од среќните моменти за време на одржувањето на фестивалот и презентацијата на филмот

Медената вест дека екипата на документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубо Стефанов викендов позитивно ја разбранува македонската јавност.
Најдобар документарец во светот, најдобра кинематографија за Самир Љума и Фејми Даут и специјално признание од жирито за влијание за промена беа трите признанија со кои се закитија авторите на овој филм.
Голема е радоста да се биде најдобар во огромна конкуренција на најголемиот фестивал на независни филмови во САД, „Санденс“. Наградите беа доделени на 2 февруари во Парк Сити, Јута.

Специјално за Факултети.мк, екипата ни испрати нивни фотографии од среќните моменти за време на одржувањето на фестивалот и презентацијата на филмот.


Публиката го вкуси медот на Атиџе





Кинематограферот Самир Љума

Режисерката Тамара Котевска


Екипата на „Медена земја“

Фејми Даут, еден од снимателите на филмот







Самир Љума



Проекција на „Медена земја“ наменета за студенти
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура