X
 08.12.2019 Култура

„Фаворитката“ – фаворит на Европската филмска академија за 2019

Филмот „Фаворитката“ на Јоргос Лантимос е најдобар европски филм за 2019 година. Овој филм освои уште неколку награди, меѓу кои и за најдобра режија, најдобра комедија, а актерката Оливија Колман и за најдобра актерка на церемонијата што се одржа синоќа во Берлин. „Фаворитката“ е еден од најнаградуваните филмови во историјата на овие европски признанија.



Филмот „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов беше номиниран за најдобар документарен филм на Европските филмски награди. Наградата во оваа категорија ја доби филмот „За Сaма“. „Буњуел и лавиринтот на желки“ во режија на Салватор Симон освои награда за најдобар анимиран филм.


Самир Љума, Тамара Котевска и Атанас Георгиев на црвениот тепих

За најдобар актер е прогласен Антонио Бандерас за филмот на Педро Алмодовар, „Болка и слава“. А најдобра актерка – Оливија Колман, за „Фаворитката“. Филмот на Лантимос беше прогласен и за најдобра комедија.
Режисерите на ТВ-серијата „Бабилон Берлин“ добија награда за придонес во играни серии.
Откритие на годината – награда што ја доделува ФИПРЕСЦИ ја доби „Клетници“ на режисерот Лаџ Ли.
Награда за остварување во светскиот филм ја доби актерката Жилиет Бинош. Режисерката Клер Дени со кого таа има соработувано и ја врачи.
- Им се обраќам на сите актери. Ве молам, внимателно изберете си ги филмовите што ги работите оти вие правите разлика. Ние мораме да се движиме и да правиме промени - рече Бинош.


Жилиет Бинош

Награда за придонес во светскиот филм доби и германскиот режисер Вернер Херцог. На интересен начин, со оперска арија му беше предадена наградата, а Вим Вендерс, претседателот на ЕФА со песна и со топол емотивен говор му ја врачи наградата на својот идол.

Херцог нагласи дека европската солидарност направила многу мали земји да станат видливи во филмот. Исто таака истакна дека без разлика колку проблеми има Европската Унија, таа има проект за мир на кој треба да сме горди.


Вернер Херцог

Наградата „Избор на публиката“ ја доби Павел Павликовски за филмот „Студена војна“. Церемонијата на доделување на Европските филмски награди се одржува во Берлин секоја втора година.


Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура