Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за доделување 1.200 (илјада и двесте) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Македонија за учебната 2024/2025 година.
Во конкурсот е наведено дека во учебната 2024/2025 година се доделуваат вкупно 1.200 стипендии за средношколци Роми во четири категории, од кои:
1. Во првата категорија се доделуваат вкупно 340 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 3.000 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 4,50 до 5,00 во последната учебна година;
2. Во втората категорија се доделуваат 390 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 2.300 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3,50 до 4,49 во последната учебна година;
3. Во третата категорија се доделуваат 250 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 1.700 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3,00 до 3,49 во последната учебна година;
4. Во четири категорија се доделуваат 220 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 1.200 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 2,00 до 2,99 во последната учебна година.
Учениците што ги исполнуваат условите од Конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на e-uslugi.mon.gov.mk, од денот на објавување на конкурсот до
10.10.2024 година.
ТУКА можете да го погледнете целиот Конкурс и да видите кои документи ви се потребни за аплицирање.