X
 05.02.2020 Живот

Празни улици и затворени маркети во Вухан

Џастин Стис и Присила Дики се американски државјани кои живеат во Вухан - градот каде што се појави коронавирусот, кој досега одзеде стотици животи.

Според една интернет-страница направена за следење на вирусот од страна на истражувачи на универзитетот „Џон Хопкинс“, досега се потврдени 24.562 случаи на заболени лица од коронавирусот, а бројот на смртни случаи се искачи на 493.

Градот Вухан, кој има приближно 11 милиони жители, е блокиран и многу странски жители не можат да се вратат во своите земји, а меѓу нив се и Стис и Дики. Стис не можел да замине од Вухан поради проблеми со документацијата на неговата сопруга и новородениот син, но и цената на билетите драстично се зголемила.

Присила Дики е студентка која живее во Вухан заедно со нејзината осумгодишна ќерка, но не можела да се врати во САД при неодамнешната евакуација бидејќи имала само фотографија од пасошот на ќерка си.

Во ново видео објавено на „Тајм“ овие двајца Американци покажуваат како е во Вухан. Стис и Дики го опишуваат градот како празен и тивок. Отворени се само малите супермаркети и аптеките. Згора на тоа, станува тешко да се набават маски.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот