Научниците напорно работат за да најдат третман за коронавирусот, а помеѓу нив се издвојува и една тинејџерка. Аника Чебролу, 14-годишно девојче од Тексас, штотуку освои награда за млад научник вредна 25.000 долари за откритие кое може да обезбеди потенцијална терапија за Ковид-19.
Пронајдокот на Аника користи таканаречена „ин-силико“ методологија за да го открие главниот молекул што се поврзува со протеинот на коронавирусот САРС-Ков-2.
Коронавирусот уби над 1,1 милион луѓе во светот од неговото појавување во Кина во декември.
Аника е Индоамериканка, а нејзиниот
проект првично не требало да се фокусира на Ковид-19, туку на грипот. Таа го сменила пристапот откако го забележала големото влијание на пандемијата на коронавирусот врз светот.
Аника вели дека освојувањето на наградата е чест, но нејзината работа не е завршена. Нејзината следна цел е да работи со научници и истражувачи за да ги искористи своите откритија за вистински лек за вирусот.
- Мојот труд да го најдам главното соединение што се врзува со протеинот на САРС-Ков-2 летово можеби изгледа како капка во океанот, но сепак е придонес. Начинот на кој ќе го развијам молекулот со помош на виролозите и специјалистите за создавање лекови ќе го одреди успехот на моите напори - изјавила Аника за Си-ен-ен.
Автор: Ала Еласар
Извор:
Си-ен-ен