X
 19.03.2020 Економија

„Стандард и Пурс“ предвидува глобална рецесија во 2020 година

Наглиот застој на економската активност предизвикан од мерките за борба против пандемијата на новиот коронавирус ќе предизвика глобална рецесија оваа година, предупредува „Стандард и Пурс глобал“, проценувајќи дека растот на светскиот бруто-домашен производ во 2020 година ќе забави на 1,0 до 1,5 процент, ако не и повеќе.

Падот на протокот на пари и многу построгите услови за финансирање, со истовремен шок на нафтениот пазар, ќе ја поткопаат кредитната способност на компаниите и ќе предизвикаат зголемување на бројот на банкроти во наредната година, наведува С&П.

Комбинацијата на паѓање на цените на нафтата и екстремната нестабилност на пазарот на капитал веројатно ќе доведе до скок на неисполнување на обврските меѓу корисниците на кредити. Во извештајот се предвидува дека во следните 12 месеци стапката на банкрот во САД би можела да биде повисока од 10 отсто, додека во Европа ќе биде „висока едноцифрена бројка“.

- Проектираме дека кинеската економија ќе забележи раст меѓу 2,7 и 3,2 отсто, а дека економијата во еврозоната во 2020 година ќе падне за 0,5 до 1,0 отсто - се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на оваа институција.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија