Доколку планирате да студирате во некоја друга држава или да се преселите таму, треба да знаете за неколку европски градови кои се идеални за младите. Холандија, Франција, Германија и Словенија се држави кои треба да се земат предвид доколку сте млад човек кој планира да студира или да работи надвор.
Амстердам, Холандија
Амстердам е отворен град кој ги прифаќа различностите. Тоа е живо место кое изгледа како создадено за млади.
Фото: Pixabay
Таму речиси секој вози велосипед, а во градот живеат многу култури, така што не мора да се грижите дека ќе се издвојувате од локалните жители. Освен тоа, речиси сите зборуваат англиски јазик.
Лион, Франција
Франција е позната по виното, храната и културата. Доколку сакате да уживате во храната и да испиете понекоја чаша, таму никој нема да ве осудува.
Фото: Pixabay
Иако Париз е најпознат град во Франција, тој е прилично скап. Лион е поевтина опција, а може да уживате во културата, храната и пиењето.
Берлин, Германија
Берлин е познат по лудиот ноќен живот и многубројните фестивали.
Фото: Pixabay
Освен тоа, има убава архитектура, многу паркови, како и театри и музеи. Меѓутоа, треба да знаете дека во Германија животниот стандард е висок.
Љубљана, Словенија
Многу студенти се одлучуваат да студираат во Словенија.
Фото: Pixabay
На Универзитетот во Љубљана има дури 150 студиски програми кои се одвиваат на англиски јазик. Освен тоа, Словенија е поблиску до нас, па затоа може да биде идеална опција за младите, особено за студентите.
Извор:
Studomat