X
 16.10.2019 Живот

Берлин го удвојува данокот на куси авиолинии

Берлин планира да го удвои данокот на кратки летови во рамките на програмата на Германија за намалување на емисиите на јаглероден диоксид, изјави неименуван службеник од германското министерство за финансии.

Зголемувањето е над очекувањата и е дел од германскиот климатски пакет-мерки, чија цел е земјата да биде неутрална до 2050 година кога станува збор за емисии на јаглероден диоксид.

Данокот на домашните и летовите во рамките на ЕУ, според неименуваниот извор, ќе се зголеми од 7,50 на 13,03 евра, од 23,43,3 на 33,01 евра за летови со средна далечина и од 42,18 евра на 59,43 евра за долги релации.

Германија би можела да очекува прилив од зголемувањето на даноците од речиси 740 милиони евра по влегувањето во сила на новата регулатива во април, следната година.

Стекнатиот приход ќе се користи главно за финансирање даночни олеснувања за возни билети.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот