X
 05.03.2019 Живот

Добил на лото и по пет месеци дошол по своите 1,5 милијарда долари

Добитник на американската лотарија „Мега милионс“ од сојузната држава Јужна Каролина, кој уште лани во октомври освоил над 1,5 милијарда долари, по пет месеци конечно се јавил да си ја земе наградата.

Човекот претпочитал да остане анонимен, па надлежните во јавноста го именуваат само како „Јужнокаролинец“. Притоа, тој можел да одбира дали наградата да му биде исплатена во 29 годишни рати или одеднаш во кеш, но така да добие само половина од џек-потот – 877 милиони долари.

„Јужнокаролинецот“ ја избрал втората опција, што е најголема исплата на џек-пот на добитник поединец во американската историја, соопшти Комисијата при државната лотарија.

Јужна Каролина, пак, ќе има приход од 61 милион долари од данокот за добивка.

Тикетот е продаден во октомври, а добитникот имал рок до 19 април да ја пријави премијата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот