X
 11.09.2020 Живот

Повеќе од половина ФБИ-агенти биле ангажирани за наоѓање на терористите - факти за нападите од 11 септември

Оваа година се одбележува 19-годишнината од терористичките напади на 11 септември, кои засекогаш го променија градот Њујорк и ја потресоа цела Америка, а имаа и огромно влијание на глобално ниво.

Терористичките напади во 2001 година беа четири координирани самоубиствени напади од терористичката група „Ал Каеда“.

- Пред 19 години, под ведро небо, 102 минути ги променија нашите животи засекогаш. Придружете ни се во комеморацијата - напиша Музејот 9/11 на „Твитер“.

9/11 нападите беа едни од најлошите во историјата, при што загинаа 3.000 Американци и луѓе од други националности. Над 6.000 луѓе беа повредени. Нападите го променија глобалниот пристап и стратегијата за справување со тероризмот и неговите сторители.

Неколку факти:

1. 19  терористи од „Ал Каеда“ киднапираа четири американски патнички авиони помеѓу 8 и 9 часот наутро;

2. Два од авионите се судрија во кулите-близначки од комплексот на Светскиот трговски центар во Менхетн;

3. Третиот авион се урна во Пентагон, зградата во која се наоѓа седиштето на Министерството за одбрана на САД, во Вирџинија;

4. Четвртиот авион падна во поле во Пенсилванија, откако патниците се обидоа да им се спротивстават на терористите;

5. За два часа кулите од 110 ката во Светскиот трговски центар се срушија. Остатоците доведоа до рушење на други згради во комплексот;

6. Чистењето на локацијата на Светскиот трговски центар заврши во мај 2002 година, а зградата на Пентагон беше санирана по една година;

7. Истрагата за терористичките напади од 11 септември беше наречена ПЕНТБОМБ и беше една од најголемите истраги на ФБИ;

8. Повеќе од половина ФБИ-агенти работеле на идентификување на напаѓачите;

9. Истрагата вклучувала над половина милиони jaвувања од јавноста како помош за истрагата;

10. Местата каде што се урнаа авионите беа и најголемите сцени на злосторствата во историјата на ФБИ.

Изградени се неколку споменици во сеќавање на жртвите: Националниот музеј за 11 септември во Њујорк, Националниот музеј „Лет 93“ во поле во градот Стоникрик, Пенсилванија, и Меморијалниот центар на Пентагон во округот Арлингтон, Вирџинија.

Извор: Ndtv.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот