Компанијата за патување „Чип тикетс“ направила анкета на 500 Американци на возраст од 22 до 32 години кои се студенти или дипломирале. Открила дека околу 70% од нив повеќе би патувале доколку не мора да враќаат студентски кредити.
Минатата година било паузирано враќањето на многу студентски кредити поради пандемијата, но беше паузирано и патувањето. Сега повторно се отвораат границите и луѓето почнуваат да патуваат повеќе, а компанијата го користи овој момент.
Фото: Pixabay
„Чип тикетс“ организира натпревар на кој една година ќе им го покрива плаќањето на студентските кредити на петмина сегашни или поранешни студенти. Од компанијата пресметале дека Американците со студентски кредити плаќаат во просек 393 долари месечно за враќање на долговите, односно 4.716 долари годишно. „Чип тикетс“ ќе им ја додели оваа сума во облик на ваучери за „Виза“ на петтемина победници на натпреварот.
Победниците не мора да ги потрошат парите од наградата на патување, но еден од ваучерите што ќе бидат дел од наградата е за резервација на сместување во хотели низ светот.
Во натпреварот може да учествуваат лица што живеат во САД, имаат барем 20 години и студираат или студирале. Пријавувањето трае до 6 јуни, а победниците ќе бидат одбрани околу 10 јуни.
Автор: Елен Гутоски
Извор:
mentalfloss.com