Понекогаш природата и технологијата ги гледаме како спротивни сили, но природниот свет бил инспирација за многу човечки изуми без кои денеска не може да се замисли светот. Ова се само дел од нив:
Дроновите и јатата
Велика Британија и САД експериментираат со јата од дронови кои би покривале големи површини и би можеле да се користат во воени активности или во спасувачки акции. Експертите веруваат дека овие јата може да комуницираат меѓу себе со цел да придонесат за колективното добро. Оваа технологија е инспирирана од рој пчели и јата птици.
Фото: Pixabay
Птицата рибарче и брзите возови
Познатите брзи возови во Јапонија се инспирирани од птицата рибарче. Првите брзи возови правеле гласни звуци кога поминувале низ тунели и компресираниот воздух кој излегувал од тунелот со возот го забавувал возењето. Експертите пронашле решение за проблемот кај птицата рибарче.
Клунот на птицата има таков облик што ѝ помага да влегува во водата брзо и да фаќа плен без речиси никаков отпор. Кога птицата влегува во водата со клунот, водата се расфрла од страните наместо да биде притисната надолу. Овој изглед на клунот бил инспирација за новиот дизајн на брзите возови во Јапонија, со кои се елиминира зголемувањето на притисокот и звукот.
Фото: Pixabay
Жабите и антибиотиците
Резистентноста на бактериите е предизвикана од
прекумерната употреба на антибиотици со децении. Одговорот за решението на овој проблем можеби се крие во вид жаба која живее во Амазонија. Кожата на овие жаби содржи 300 различни пептиди кои ги убиваат вирусите и бактериите. Се претпоставува дека во Амазонија може да има до 25%, односно над 282.000 познати природни состојки што се потребни за создавање нови и подобри лекови, меѓу кои и антибиотици.
Роботски пчели
Истражувачи од Институтот „Вис“ на „Харвард“ ја развиле роботската пчела, која тежи помалку од една третина од грам. Се смета дека овој уред може да направи промени во спасувачките мисии и во надгледувањето, но и дека ќе помогне во опрашувањето на земјоделските култури и набљудувањето на климата. Уредот користи „вештачки мускули“ кои ѝ овозможуваат на пчелата да лета. Уредот има и сензори со кои може и да работи во групи.
Автор: Дерен Такери
Извор:
Weforum.org