X
 05.03.2023 Живот

Мудри јапонски поговорки: „Никој на светот не е посилен од човек кој знае“

Јапонските мудри мисли се интересни и различни од другите, прочитајте ги, проучете ги и запомнете ги.

- Човекот може да го види небото и низ отворот на иглата.

- Фалењето е почеток на срамот.

- Сиромавиот нема слободно време.

- Големите несреќи произлегуваат од мали причини.

- Онаму каде што владее љубовта нема ни големи ни мали.

- Љубомората е душата на љубовта.

- Мудриот човек ќе најде вода дури и во пустината, а будалата ќе умре од жед и покрај реката.

- Среќата понекогаш помага - работата секогаш.

- Најслабото суштество на светот е човекот. Нему сè му штети: и ветрот, и мразот, и сонцето.

- Небото нема уста, затоа го поттикнува човекот да зборува за него.

- Дури и враната се смее на она што се случи минатата година.

- Никој на светот не е посилен од човек кој знае.

- Кога умирате од жед, доцна е да размислувате за копање бунар.

- Кога човек помалку се грижи за работи што му се далечни, сигурно повеќе би размислувал за работи што му се блиски.

- Човекот е смртен, но неговото име може да стане бесмртно.

- Оној што трудољубиво работи, никогаш не може да биде просјак.

- Силната љубов раѓа стопати посилна омраза.

- Оној што пие вино, не ја познава неговата штетност; оној што не го пие, не ги знае неговите придобивки.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот