X
 29.08.2016 Култура

Демокрит: „На добар и мудар човек целата Земја му е татковина“

Демокрит е грчки антички филозоф од 4  век п.н.е. познат и по фомулациите за атомската теорија за универзумот. Неговата автентичност се состоела во реторичката употреба на иронија и потсмев, и по неговиот весел изглед. За Демокрит се смета дека не бил многу почитуван од Платон, кој подоцна посакал сите негови книги да бидат запалени, а многу го сметаат пак, за „татко на модерната наука“. Од неговите пишани текстови за жал сочувани се само фрагменти.

Прочитајте неколку мудрости од филозофот:


    „Не прифаќајте ништо пријатно, освен ако немате бенефит.“

    „Луѓето бараат здравје во молитвите до боговите: тие не сфаќаат дека моќта да го добијат е во нив. Во недостиг на самоконтрола, делуваат спротивно и го даваат здравјето на желбите.“
    „Со малку посакувања, сиромашниот човек станува богат.“
    „Алчно е да се зборува постојано, а да не се сака да се слуша воопшто.“
    „Постојат многу што знаат многу нешта, а сепак им недостига мудрост.“
    „Среќата не се состои во сопственостите, ниту во златото, туку во душата.“
    „Многу учени луѓе немаат интелигенција.“
    „Будалите учат мудрост преку несреќа.“
    „Медицината ги лекува болестите на телото, мудроста ја ослободува душата од страсти.“
    „Потребно е да се имитираат делата на доблеста, а не аргументите за неа.“
    „Нема сила или богатство што ќе го надмине ширењето на нашето знаење.“
    „Задоволствата што носат најмногу радост се тие што доаѓаат најретко.“
    „Доброто не значи буквално да не се прават грешки, туку да не се посакува да се прават.“
    „На добар и мудар човек целата Земја му е татковина.“

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура