Публиката отсекогаш ги сакала филмовите што будат силни емоции, без разлика дали станува збор за сцената со Метју Меконахи во „Интерстелар“ кога се крши гледајќи ги пораките од својата ќерка или за Форест Гамп на гробот на Џени во „Форест Гамп“.
Но, научниците се обиделе да утврдат која сцена е најтажна во историјата на филмот.
Експерти од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, го спровеле истражувањето „Поттикнување емоции преку филмови“ со цел да измерaт кои сцени најсилно ги поттикнуваат емоциите. Во истражувањето речиси 500 учесници гледале исечоци од над 250 филмови.
Според резултатите, најтажната сцена доаѓа од спортската драма „Шампионот“ од 1979 година, во која играат Џон Војт и Феј Данавеј, додека детската улога ја толкува Рики Шредер.
Станува збор за крајот на филмот, кога ликот на Војт, боксерски шампион, умира од последиците на повредите по мечот, а неговиот мал син очајно се обидува да го разбуди.
Токму овој момент предизвикал најсилно чувство на тага кај учесниците. Филмот е боксерска драма чија емотивна кулминација се гради преку односот меѓу татко и син.
На второто место меѓу најтажните сцени е смртта на мајката на Бамби од анимираниот класик „Бамби“ од 1942 година. Сцената во која младото срнче ја повикува својата мајка со децении важи за една од најпотресните во историјата на анимацијата.
Иако за многумина токму таа сцена останала симбол на детската траума, според научниците, сепак не го зазела првото место.
Резултатите покажале дека сцената од „Шампион“ предизвикала посилна реакција на тага.
Фото: Screenshot/YouTube