X
 01.12.2020 Култура

„Дедо и внук“ на Пиперковски освои награда за најдобра режија во Индија

Филмот „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски ја освои наградата за најдобра режија на фестивалот „Буда“ во Индија (The Buddha International Film Festival-TBIFF). Ова е 4. награда за првиот долгометражен игран филм на Пиперковски. Светската премиера на „Дедо и внук“ се одржа годинава на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ во Приштина.

Главните улоги во филмот ги играат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов и Горан Стојаноски. Продукцијата е на Pandora’s Box од Охрид, во соработка со Dream Factory од Скопје и Alien Film од Романија.

Фестивалот „Буда“ е посветен на прикажување нови и иновативни филмови, поборник за социјални промени, културна разноликост и разбирање меѓу народите.

Плакатот за филмот

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура