X
 16.09.2023 Култура

Нов филм на Леонардо ди Каприо наскоро ќе пристигне во кината

Наскоро ќе пристигне новиот филм „Убиства под цветната месечина“ (Killers of the flower moon) со Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро во главните улоги. Премиерата на филмот ќе биде на 19 октомври.

Заснован на вистинска приказна раскажана низ неверојатната романса на Ернест Буркхарт (Леонардо ди Каприо) и Моли Кајл (Лили Гладстон), „Убиства под цветната месечина“ е епска криминалистичка сага каде што вистинската љубов се вкрстува со неискажливо предавство.

На крајот на 20 век откривањето нафта им донесе големо богатство на луѓето од Осаж, па некои од членовите на заедницата станаа најбогати луѓе во светот преку ноќ. Богатството на овие Индијанци веднаш ги привлекло белите натрапници, кои манипулирале, изнудувале и краделе колку што можеле пред да извршат убиство.

Режисер на филмот е Мартин Скорсезе, а сценариото го потпишуваат Ерик Рот и Скорсезе.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура