X
 05.04.2023 Забава

Обидете се да ги решите загатките од руските учебници

Советските учебници и списанија за тинејџери во минатото честопати објавувале загатки и вежби за мозокот за кои не е потребно познавање на училиштен предмет, туку внимание на деталите и логичко размислување. Во продолжение обидете се да ги решите загатките.

1. Средба на улица

zagatki
Фотографија од архива

Се среќаваат двајца пријатели на улица.

- Еј, Степан. Каде одиш?
- Одам во куќата со број 23 - вели Степан. - Ти каде одиш, Петја?
- Одам во куќата на мојот пријател Ванјуша. Тој живее во куќата со бројот 7 - одговара Петја.

Вашата задача е да одредите кое од овие момчиња е Степан, а кое Петја.

2. Чие е мачето?

zagatki
Фотографија од архива

На сликата има три девојки. Од лево кон десно се Ира, Тања и Галија. Со нив е и мачката Мурзик. Но, чија е мачката?

3. Сообраќај

Најдете пет грешки што ги направил уметникот на сликата.

3
Фотографија од архива

Одговор на првата загатка:
Степан е момчето што носи капа. Гледaме дека куќниот број на сликата е 19. Ако одиме од првата куќа на улицата, куќите со непарни броеви се наоѓаат на левата страна. Момчето што носи капа се движи кон куќите со поголеми броеви, па 23 е повеќе од 19 и токму затоа е Степан.

Одговор на втората загатка: Мурзик ѝ припаѓа на Галија, девојката со една панделка. Другата панделка е ставена на мачката Мурзик.

Одговор на третата загатка:

1. На тролејбусот му недостига една електрична прачка.
2. Семафорот наместо три, има две светла.
3. Не постои број 0 на куќите.
4. Автомобилите возат на погрешната страна од улицата.
5. 31 септември не постои.

Извор: Rbth.com
Фото: Архива
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава