Google сега ви овозможува да си „играте“ со пребарувањето повеќе од било кога, со новите алатки кои ви даваат можност да ги истражувате цртежите на Google, чудните загатки и популарните теми.
Пребарувачот неодамна додаде нови алатки вклучувајќи го и „I'm feeling curious“ за најчуднaта тривија од неговата база на податоци како и „I'm feeling puzzled“ доколку сакате малку интелектуална стимулација, како и „I'm feeling trendy“ за да гледате популарни теми.
Другите опции се „I'm feeling hungry“ за да пронајдете добри ресторани, „I'm feeling wonderful“ за да погледнете светски чуда и „I'm feeling artistic“ за да пронајдете уметнички богатства од околните музеи. Постојат и „I'm feeling playful“ за забавни игри, „I'm feeling stellar“ за одлични фотографии од вселената и „I'm feeling doodley“ за да ги гледате претходните цртежи на Google.
Во секој случај, вашето уживање е управувано од случајности - истиот резултат ретко се појавува два пати.
Ако сакате да го искористите интернетот за добро, Google ви нуди „I'm feeling generous“ кој нуди добри причини да истражувате и да помогнете.
Она што ќе ја уништи вашата продуктивност се „fun facts“ кои ви нудат неверојатни нејасни делови од базата на податоци за пребарување.
Ова се причините зошто Google продолжува да е водечки пребарувач - забавен е и корисен во исто време.