Тим научници предводени од Универзитетот Њујорк во Абу Даби и Центарот за вселенска наука на Обединетите Арапски Емирати, создадоа мапа на Марс со висока резолуција која има голем потенцијал за истражувачите чија цел е да ја разберат историјата на црвената планета и како настанал нејзиниот сув, неплоден пејзаж.
Користејќи податоци собрани од орбитата како дел од мисијата за Марс на Емиратите, истражувачите создадоа глобална мапа на Марс. Мапата содржи нови фотографии снимени од најсовремениот „Експлорејшн имаџер емирејтс“, познат како „Хоуп“. Додека орбитира околу мас, овој инструмент има направено повеќе од 3.000 набљудувања
Оваа камера е толерантна на зрачење со повеќе бранови должини и фотографира слики од 12 мегапиксели. Инструментот е развиен од Лабораторијата за атмосферска и вселенска физика на Универзитетот Колорадо Болдер и вселенскиот центар Мохамед Бин Рашид, домот на Националната вселенска програма на ОАЕ.
- Овој инструмент прави фотографии од Марс со висока резолуција, што им овозможува на научниците да ја проучат атмосферата на долниот дел на Марс во видливи и ултравиолетови бранови должини - објаснуваат научниците од Лабораторијата за атмосферска и вселенска физика.
Тимот, предводен од Димитра Атри, е уверен дека неговата мапа од Марс ќе биде вреден ресурс за научниците од сите нивоа, и се надева дека неговата работа ќе ги мотивира младите луѓе да ја продолжат кариерата во СТЕМ дисциплините во ОАЕ.
- Планираме да ја направиме мапата достапна за целата планета, како дел од новиот и понапреден Атлас на Марс, на кој работевме. Ќе биде достапен и на англиски и на арапски јазик. Се надеваме дека оваа пристапност ќе ја направи одлична алатка за истражувачите, а и студентите ќе можат да научат повеќе за Марс и да ги покажат можностите што може да ги понуди вселенскиот сектор во ОАЕ - вели Атри.
Мапата на Марс, достапна на англиски и арапски јазик, прикажува многу региони на Марс со неверојатни детали, нагласувајќи ги клучните карактеристики на планетата.
- На пример, видливи се неговите поларни ледени капи, планини, вулкани, остатоци од антички реки, езера, долини и кратери од удари - објаснуваат научниците.
Деталните мапи како оваа се од суштинско значење за идните истражувања на Марс. Исто така, мапата ќе им овозможи на научниците да дознаат повеќе за масивните климатски промени, како онаа што ја доживеа Марс. Овие сознанија може да се покажат како корисни за истражување за климата што се менува на Земјата.
Целиот атлас на Марс можете да го преземете
ТУКА.
Извор:
Petapixel.com
Фото: EMM/EXI/Dimitra Atri/NYU Abu Dhabi Center for Space Science