X
 05.06.2018 Технологија

Андроидите до 2045 година ќе склучуваат бракови, ќе служат во војска и ќе поседуваат земја



Творецот на еден од најпознатите андроиди - Софија, д-р Дејвид Хенсон, смета дека вештачката интелигенција ќе оствари повеќе граѓански права на Западот.


Андроидот Софија
(Фото: Twitter)


Роботите со човечки лик (андроиди) до 2045 година ќе имаат исти права како и луѓето, вклучувајќи и право на брак, тврди создателот на Софија, еден од најпознатите роботи од тој вид.

Тој исто така смета дека AI на андроидите до 2029 година ќе достигне ниво на едногодишно бебе. Според него, тоа би требало да им овозможи поедноставно да ги преземат професиите во војската и итните служби до 2031 година, што би им отворило врата за остварување многу граѓански права.

Компанијата за изработка на роботи на д-р Хенсон, „Hanson Robotics“, објавила научен труд со наслов „Влез во добата на живите интелигентни системи и општеството на андроидите“, каде што се наведува дека развојот на роботи ќе го внесе човештвото во нова доба каде што андроидите ќе гласаат на избори, ќе склучуваат бракови и ќе бидат земјопоседници.

Сепак, Хенсон верува дека луѓето ќе ги сметаат паметните машини за граѓани од втор ред, без оглед на законските рамки.

„Корпорациите и законодавните тела во блиската иднина ќе се обидат морално и законски да ја оспорат емоционалната зрелост на машините, за луѓето да се чувствуваат безбедно“, вели д-р Хенсон.

Тој смета дека во еден момент AI ќе премине одреден степен, по што роботите ќе се „пробудат“ и ќе бараат право на живот и на слобода, а дека до 2035 година се очекува да ги надминат луѓето речиси во сè.

Според неговите детални предвидувања, борците за права на роботите во земјите од Западот ќе се изборат за законско изедначување со луѓето дури 10 години подоцна и дека прва земја што на андроидите ќе им даде статус на полноправни граѓани ќе бидат САД.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија