X
 15.03.2023 Технологија

Кои се функциите што ги нуди новата верзија на „Чет-ГПТ“?

„Опен АИ“, компанијата која стои зад софтверот „Чет-ГПТ“, претстави нова верзија на моделот за вештачка интелигенција. Некои од новите опции што ги нуди „Чет-ГПТ 4“ го прават софтверот неверојатно напреден. Еве кои се новостите.

Подолги одговори

Претходната верзија дозволуваше максимални 3.000 збора во одговорите, а новата верзија може да пишува одговори со најмногу 25.000 збора.

Може да анализира фотографии

Корисниците сега може да прикачуваат фотографии кои софтверот може да ги анализира и разбира. Новиот модел е способен да креира логични идеи за фотографиите. Тој може и да препознава лошо напишани реченици или код.



Поголема безбедност

Новата верзија на „Чет-ГПТ“ има поголема заштита од несакани нарушувања на приватноста. Сега е потешко да се принуди софтверот да работи со недозволена содржина, според креаторите.

Поточен е

Креаторите велат дека новата верзија на софтверот дава поточни резултати отколку претходната верзија. Претходно некои корисници забележале дека софтверот прави грешки.

Може да положи тестови и работи со повеќе јазици

Новиот модел е подобар од стариот во решавањето стандардни училишни тестови. Новиот модел може да одговара на прашања на 26 јазици.



Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија