Феноменот
Роблокс им е непознат на мнозинството љубители на видеоигрите постари од 15 години, но станува збор за игра која е попопуларна од „Мајнкрафт“ и која до денес направила милионери од неколку тинејџери.
„Роблокс“ е идеја на Дејвид Базаки, а спаѓа во жанрот креативни игри слични на „Мајнкрафт“. Она што ја разликува играта „Роблокс“ од „Мајнкрафт“ е нејзината структура. Имено, станува збор за масовен мултиплеер, односно игра која одеднаш ја играат голем број луѓе. „Роблокс“ функционира по пат на микротрансакции кои играчите ги плаќаат, а одреден процент отпаѓа на „Роблокс корпорејшн“ и на творците на содржините. „Роблокс“ е средина во која корисниците можат да прават игри, да ги споделуваат со други играчи и така да заработат на сопствените содржини. Некои од тие игри се минлива забава која посетителите само еднаш ја искусуваат, додека други се толку популарни што на своите креатори им го платиле школувањето.
Естетиката на „Роблокс“ е слична како на „Мајнкрафт“ и е непотребно да се нагласува, барем визуелно, дека е инспирирана од лего-коцките и минималистичкиот дизајн на познатата игра „Мојанг“. Тоа што ја истакнува „Роблокс“ е нејзината популарност, која според статистиките ја надминува „Мајнкрафт“. Оваа игра на „Мајкрософт“ моментно ја играат 55 милиони луѓе, додека „Роблокс“ води со 56 милиони.
Која ја игра оваа игра?
Уште една интересна работа поврзана со „Роблокс“ е нејзината раширеност и демографија. Играта е достапна на речиси сите платформи, вклучувајќи и PC, конзоли и мобилни телефони, а нејзините корисници главно не се постари од 15 години.
„Роблокс“ не е ново дете на пазарот. Играта излезе уште во 2005 година и до денес не ѝ е намалена популарноста. Уште повеќе, во последно време е сè поприсутна во медиумите поради силната едукативна нота. Младите во „Роблокс“ учат основи на програмирање и дизајн, а многу возрасни низ играта развиваат афинитети кон компјутерските науки и развојот на игри или дури и за вештачката интелигенција.
Успешен бизнис
На неодамнешна конференција претставниците на „Роблокс“ изјавија дека оваа година компанијата планира да исплати 30 милиони долари, со тоа што еден програмер заработил три милиони долари, а други двајца по два милиона. Она што ја прави „Роблокс“ исклучителен екосистем е архитектурата која на играчите им овозможува да дизајнираат своја игра во рамките на игрите.