В сабота ќе се одвива настава во оние училишта во главниот град во кои не е одработен 7 мај, кој беше прогласен за неработен ден во Скопје поради посетата на папата Франциск.
Владата донела заклучок кој се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје што го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за градинките и здравствените установи. Тие од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето.
Фото: Град Скопје
Владата му препорачува и на приватниот сектор на територијата на Скопје да ја спроведе оваа одлука доколку ја спровел претходната препорака – 7 мај да биде неработен ден.