X
 16.03.2023 Образование

Студентите им се приклучуваат на средношколците, утре ќе протестираат заедно пред МОН

Студентите решија да им се придружат на средношколците и утре заедно со нив да излезат на протест пред Министерството за образование и наука, соопштија од Студентски отпор.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме нивното соопштение.

„В петок, од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците.

Крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите.

Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме:

- Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка;
- Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк;
- Неодговарање на апликациите за студентски оброк;
- Доцнење на исплата на стипендиите на студентите;
- Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокиснати покриви;
- Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови;
- Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови;
- Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе.

‼️ Доста е од деградирање на студентите и оставање на работ на маргините!
‼️ Масовно ќе се приклучиме на протестот заедно со средношколците и подготвени сме правдата да ја бараме со искажување на нашиот став и глас преку масовни студентски демонстрации.
Нема да запреме додека сѐ од горенаведеното не биде исполнето!“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование