X
 05.06.2022 Технологија

Вселенски чистач на неисправни сателити

„Астроскел“, британска компанија за орбитални услуги, во соработка со сателитскиот оператор „Уанвеб“ наскоро ќе го заврши првиот комерцијален прототип на сервер дизајниран за фаќање повеќе сателити во ниската орбита на Земјата, во рамките на програмата „И-ес-еј санрајс“.

„Уанвеб“ моментално во орбитата поставува констелација составена од стотици комуникациски сателити за да ги поврзе луѓето на најтешко достапните локации преку глобални сателитски интернет-услуги за широкопојасен интернет. На околу 1.200 километри над Земјата во моментов орбитираат 428 сателити на „Уанвеб“, а по завршувањето на проектот, планирано е да има речиси 650 сателити.

сателит

Ако сакаме да ги спречиме судирите на многуте телекомуникациски сателити и да ја заштитиме околината на ниската орбита на Земјата, сите овие сателити треба некако да се отстранат од нивните орбити на крајот од нивниот животен циклус.

Постојат две опции

Во моментов постојат две опции за отстранување на сателитите на „Уанвеб“, дизајнирани да работат пет до шест години. Секој сателит има доволно гориво за да може активно да излезе од орбитата на крајот од својот животен век. Има и магнетно прицврстување со кое сервисниот авион може да го подигне и деорбитира во случај на дефект.

elsa
ЕЛСА-М

Вселенското летало на „Астроскел“ наречено ЕЛСА-М треба да полета во орбитата во 2024 година. Тоа ќе биде првиот чистач на вселената што во една мисија од орбитата ќе отстрани повеќе неисправни сателити.

По оваа демонстрација, „Астроскел“ ќе им понуди комерцијална услуга на клиентите кои управуваат со сателитски соѕвездија во ниската орбита на Земјата. Се очекува сервисирањето во орбитата да стане дел од рутинските сателитски операции до 2030 година.

Извор: Bug.hr
Фото: Bug.hr
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија