X
 18.01.2023 Наука

НАСА размислува да изгради цевка за пренос на кислород на Месечината

Американската вселенска агенција НАСА размислува за изградба на цевка која ќе носи кислород до повеќе локации на јужниот пол на Месечината. Кислородната транспортна цевка треба да се користи за следните мисии „Артемис“.

Вселенската агенција размислува за ова откако биле забележани проблеми со постојниот план за транспортација на кислород на Месечината со помош на ровери. Процесот на транспортација на кислородот на ровери бара многу енергија и е најскапиот дел од плановите за создавање кислород на Месечината.

Според новите планови, кислородната цевка ќе биде поврзана со центар кој ќе биде сместен на јужниот пол на Месечината, каде што агенцијата ќе ископува мраз под површината. Овој мраз потоа ќе биде претворен во вода за пиење и кислород кој ќе се користи за астронаутите и како гориво за ракети. Оваа цевка ќе обезбеди постојан пристап до кислород за засолништата и ќе ги намали трошоците за транспорт.

Ќе бидат тестирани повеќе различни прототипи, а за почеток ќе биде тестирана 5-километарска цевка. Доколку НАСА се одлучи за овој предлог, цевката ќе биде произведена од делови на Месечината пред да биде склопена. Таа веројатно ќе биде произведена од алуминиум, кој го има во големо количество на јужниот пол на Месечината.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Peter Curreri/NASA
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука