X
 18.03.2015 Наука

Научниците создале модел на клетка која опстојува без вода

Кога станува збор за наоѓањето вонземски живот, поголемиот дел од научниците претпоставуваат дека вонземјаните најверојатно се зависни од вода. Сепак, водата играла клучна улога во развивањето на животот на Земјата, па логично е да се смета дека оваа магична состојка е клучна за раѓање живот и на други светови.


Можеби оваа претпоставка е погрешна. Еден тим научници во истражување објавено изминатата недела објаснуваат како би создале хипотетичка клетка способна за преживување во околина без вода.

„Липидната двослојна мембрана, која е основа за животот на Земјата, не би постоела на место без вода. Овој факт ги предизвикал астрономите да бараат услови за живот на планети кадешто може да постои вода“, пишуваат авторите на истражувањето.

„Меѓутоа, дали може клеточните мембрани да бидат создадени и да функционираат на температури многу пониски од оние на кои водата е во течна состојба?“, прашуваат тие.

Тимот од истражувачи од „Корнел“ создал модел на клетка коа била наречена азотосом, збор изведен од францускиот збор за азот. Хипотетичката животна форма би живеела без водород, јаглерод и азот и би опстојувала на екстремно ниски температури како и нашите познати клеточни мембрани го прават тоа на собни температури.


Тимот создал повеќе различни молекуларни сценарија за идеалната околина и откриле дека таа ваквиот живот би бил можен на Титан, месечината на Сатурн која во моментов е најинтересна за научниците.

Дали ваквите суштества навистина постојат на Титан е прашање за идни истражувања. Но знаењето дека создавањето живот во такви услови е можно е голем напредок за нас.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука