X
 03.02.2020 Наука

Научниците пронашле меѓуѕвезден материјал постар од Сончевиот Систем

Се урнал на Земјата во 1969 година, завршувајќи го епското патување што траело милијарди години, а можеби и подолго.

Во мистериозниот вселенски камен - метеоритот Аленде, кој се спуштил во мексиканската пустина пред половина век - научниците го идентификувале меѓуѕвездениот материјал што е можеби постар од Сончевиот Систем и постои во форма што досега не сме знаеле дека е можна.

Наоѓањето на овој антички материјал наречен пресоларно зрно е ретко, но не и неверојатно.

Пред само неколку недели научници објавиле дека овие зрна ги идентификувале во друг метеорит (кој исто така се срушил на Земјата во 1969 година, но во Австралија) и го сочинувале најстариот познат материјал на планетата, меѓу 5 и 7 милијарди години.

За споредба, нашиот Сончев Систем е стар околу 4,6 милијарди години, така што ние талкаме во некоја преднајстара територија, барем во однос на соседите во вселената.

Сега, во ново истражување предводено од Универзитетот „Вашингтон“ во Сент Луис истражувачите идентификувале докази за претсоларни зрна во дел од метеоритот Аленде. Она што го нашле во каменот е спротивно на она што го знаеме за ваквиот меѓуѕвезден материјал.

materijal
Фото: The Planetary Society


Во овој случај, претсоларните зрна биле составени од силикон карбид (SiC) и биле откриени во рамките на метеоритот наречен „Кјуриос Марија“ (по Марија Кири).

- Она што е изненадувачки е фактот дека присутни се претсоларни зрна - вели физичарот и космохемички истражувач Олга Правдицева.

- Следејќи го нашето сегашно разбирање за формирањето на Сончевиот Систем, претсоларните зрна не можат да преживеат во околина каде што се формираат овие подмножества - додава таа.

Она што е неверојатно е дека SiC можеле да постојат во рамките на парчето камен, богат со калциум алуминиум (CAI): минерална мешавина која се смета за една од најстарите цврсти материи што се формираат во Сончевиот Систем.

За CAI се смета дека се формирал во суперзагреани услови на Сончева маглина - концентрација на гас и прашина.

- Општо е прифатено дека CAI се формирале близу Сонцето на температура над 1.5000 Келвини, каде што не можеле да преживеат претсоларните зрна, а потоа биле транспортирани во други региони на маглината - пишуваат авторите во трудот.

Во експерименти во кои истражувачите загреале мал примерок на „Кјуриос Марија“ идентификувале благороден гас што открил SiC во рамките на CAI - неочекувана комбинација на хемикалии и она што ни кажува дека може да го ревидираме нашето знаење за тоа што е можно во Сончевата маглина.

Истражувачите не знаат како силиконскиот карбид од друга ѕвезда се најде во овие цврсти материи како оваа.

- Иако CAI се опсежно проучени, остануваат прашања во врска со природата и потеклото на изотопските аномалии што ги носат, нивната распределба меѓу примитивните метеорски класи и односите со другите метеорски компоненти - пишуваат истражувачите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука