На Попова Шапка вчера се одржа петтото издание на трката во екстремно планинско трчање „Титов Врв скајрејс“, на која во женска конкуренција победничката Елена Ртоска постави нов рекорд. Таа за три часа и 12 минути ја истрча патеката долга 20 километри од Попова Шапка до Титов Врв и назад.
Второто место го освои Сања Најдовски (3 ч. 49 минути), додека трето место Ивана Пекевска (4 ч 17 мин.)
Во машка конкуренција прв беше Дејан Ангелоски (2ч. 29 мин.), второ место освои Сашо Богојевски (2 ч. 56 мин.), а третопласиран е Никола Илиевски (2 ч. 58 мин.)
- И покрај неповолните временски услови, на стартот се појавија 37 натпреварувачи, а 32 успешно ја завршија трката. Победници по четврти пат во низа се Елена Ртоска, овој пат со нов женски рекорд на патеката од 3 часа и 12 минути, и Дејан Ангелоски со резултат 2 часа и 29 минути - информира Александар Кирковски од ПК „Македон“.
Во соработка со Федерацијата на планинарски спортови, натпреварот беше и државно првенство на Македонија во скајранинг за оваа година.
Извор: МИА