X
 10.01.2021 Живот

Велосипедист ја извозил височината на Монт Еверест за помалку од 7 часа

27-годишниот Шон Гарднер од Ричмонд, Вирџинија, го срушил светскиот рекорд во најбрзо искачување на височина еднаква на Монт Еверест со велосипед.

Младиот Гарднер потрошил 7.500 калории при возењето кои ги внесувал преку енергетски гелови со големо количество шеќер. Тој претпоставува дека внел шеќер колку 30 чоколади „сникерс“.

Тој извозел 8.849 метри за 6 часа, 59 минути и 38 секунди, со што станал првиот човек што ја искачил височината на Монт Еверест со велосипед за помалку од 7 часа. Претходниот рекорд од 7 часа, 4 минути и 41 секунда бил поставен од Ронан Меклолин на 30 јули.



Теоретски, секој може да го сруши овој рекорд. Тоа е бесплатно, а може да се сруши и со пешачење. Кандидатите треба да одберат рид, каде било во светот, и да го возат или искачат повеќепати додека да ја стигнат височината од 8.849 метри на Монт Еверест, според „Хелс 500“, организација што ги следи и сертифицира обидите за искачување на оваа височина.

Досега 14.462 луѓе успеале во овој подвиг на одреден начин, од кои 9.902 го сториле тоа со велосипед.

Автор: Ана Медарис Милер
Извор: insider.com
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот