X
 02.12.2018 Забава

Банкомат издавал банкноти од 100 наместо од 10 долари

Минатата недела американската полиција морала да блокира цел кварт во американскиот град Хјустон кога луѓето полуделе по банкомат кој наместо банкноти од десет, издавал банкноти од сто долари.

Грешката се случила на банкомат на „Бенк оф Америка“, од каде брзо соопштија дека за случајот е одговорен службеник од банката, кој на местото каде стојат банкнотите од 10 долари ги ставил оние од 100 долари. Од банката истакнаа дека проблемот е решен.

Сѐ започнало кога една вечер еден граѓанин сакал да подигне 20 долари, но наместо две банкноти од по 10 долари, тој добил две банкноти од по 100 долари. Тој ја објавил добивката на социјалните мрежи, а пред банкоматот брзо се собрале куп луѓе и почнале тепачки.

Од банката не коментираат колку пари се подигнати од банкоматот во текот на тие два часа додека полицијата да ги растера луѓето. Исто така, од банката не побарале од луѓето да ги вратат парите.

Сличен случај имаше и во февруари оваа година, која на една жена банкоматот наместо 1.400 ѝ исфрлил 14.000 долари. Тоа се случи во Канзас на банкомат на Централната национална банка, која покрена обвинение против жената.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава