X
 05.07.2017 Забава

Математичка загатка го полуде интернетот – обидете се да ја решите

Во „Тудеј шоу“, емисија на Би-би-си на Радио 4, била зададена интересна математичка загатка која веднаш ги полудела Британците, а потоа и другите. Она што е најинтересно е што за нејзино решавање треба да знаете само две основни операции - собирање и одземање, и треба да ги употребите што помалку пати.

Еве ја задачата:

Ги имате броевите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9 и со нивна помош, користејќи ги што помалку знаците + и -, треба да го добиете резултатот 100. Важно е и тоа дека морате да ги искористите сите броеви, и тоа по точен нумерички редослед. Значи може да сметате 1-2+3, но не и 1-3+2.

Исто така, можете (добро е што повеќе со оглед на тоа дека треба да искористите што помалку знаци) и да споите некои броеви, но исто така да бидат по редослед. На пример, 1+23.

Еве едно решение за пример: 1+2+34-5+67-8+9=100
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава