X
 05.07.2017 Наука

Методот со кој НАСА планира да ја спаси Земјата од удар на астероид

Иако удар од астероид во Земјата е нешто што обично го поврзуваме со филмовите, ваквата ситуација не е нереална. Но, доколку се случи вакво сценарио, НАСА има подготвено метод за да ја заштити планетата. Американската вселенска агенција објави видеоконцепт за методот за заштита од астероид. Првото тестирање треба да се случи во 2020 година.

Во случај на удар од астероид, НАСА кон него би лансирала посебно летало наречено „Double Asteroid Redirection Test“. Во видеото се гледа главниот астероид и помал што го следи, таканаречениот бинарен систем на астероиди под името „Didymos“, а „DART“ лета кон помалиот.



„НАСА го претстави планот за користење техники со кинетички удар, односно удар на леталото директно во астероидот за да се промени насоката на движење“, објаснува Линдлеј Џонсон, агент на програмата на НАСА. НАСА планира да соработува со вселенските агенции од другите држави за да создаде меѓународен план за одбрана на Земјата од опасностите од вселената.

Почетокот на лансирањето е планиран за 2020 година, кога ќе бидат лансирани две летала, додека тестот - ударот на леталото во астероидот - треба да биде реализиран до 2022 година. Партнери на американската НАСА во овој проект се Европската вселенска агенција, Опсерваторијата на Азурниот Брег и Лабораторијата за применета физика при Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука