X
 18.03.2022 Наука

НАСА објаснува што би се случило ако Русија ја напушти Меѓународната вселенска станица

Над две децении успешна соработка помеѓу астронаутите на Меѓународната вселенска станица може да заврши поради руската инвазија на Украина. Овие недели многу се дискутира за тоа што би се случило доколку Русија се одлучи да ја напушти станицата, а според коментари на Дмитри Рогозин, директор на руската вселенска агенција „Роскосмос“, тоа не е исклучено.

Сега американската вселенска станица НАСА открива што би се случило доколку Русија ја напушти станицата. Можното напуштање на станицата би било катастрофално за работата во станицата, но Русија не може само да се одвои и да продолжи да функционира самостојно во вселената.

Во Меѓународната вселенска станица треба постојано да има руски космонаути и астронаути на НАСА. Двете земји се меѓусебно зависни за да продолжи функционирањето на станицата, изјавиле од НАСА.


Фото: Pixabay

Доколку нешто не е во ред, американските астронаути се тренирани да реагираат на проблеми во делот што им припаѓа на САД, додека руските космонаути се подготвени за ситуации во рускиот дел. Двете страни се одговорни за различни функции на станицата, а центрите за контрола ги управуваат само своите делови.

НАСА вели дека станицата не била дизајнирана за да се дели и американскиот и рускиот дел не би можеле да функционираат независно. Меѓутоа, без руските космонаути, станицата би можела да излезе од орбитата, а на САД би им биле потребни многу време, технологија и пари за да го оспособат својот дел за независна работа.

САД немаат ниту летала што би можеле да бидат замена за руските кои го овозможуваат функционирањето на станицата, па затоа САД веројатно би морале да зависат од помошта на Русија и во 2030, кога е планирано престанувањето на функционирањето на станицата.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука