Сте го имале ли некогаш чувството кога ќе се вратите од одмор - како воопшто да не сте биле? Тоа најчесто се јавува при викенд-одморот, велат експертите.
Потребно ни е одредено време за да се оттргнеме од нашите секојдневни обврски и размислувања за проблемите и да се опуштиме. Истражувањето во кое учествувале 2.000 Американци на возраст од 25 до 55 години покажало дека нивото на стрес останува исто кај оние што одат на одмор пократко од три дена.
Истражувачите велат дека се потребни најмалку три дена за една возрасна личност да почне да се опушта барем малку. Има смисла ако знаеме дека првиот ден немате многу време за опуштање.
Вториот ден веќе почнува приспособувањето на новото опкружување, а потоа почнува процесот на опуштање. Сепак, многу луѓе реагираат различно, па им е потребно и подолго време за приспособување кога се на годишен одмор. Речиси 35 отсто од испитаниците се изјасниле дека својот одмор сакаат да го поминат во опуштање.
Авантуристичкото патување е првиот избор за 38 отсто од испитаниците, а експертите советуваат дека е добро да се искомбинираат и двете опции. Не е потребно да се исклучи едната или другата опција, можете да уживате во комбинацијата од двете.
- Комбинацијата на одмор и опуштање со истражувањето на новата средина на
дестинацијата каде што се наоѓате е одличен рецепт за повторно наоѓање рамнотежа и мир - вели Сајмон Ма, бренд-менаџер на „Џи Адвенчрс“.
Фото: Freepik