Едно четиричлено семејство за седумдневно летување во Хрватска треба да издвои дури 2.250 евра годинава, пишува српскиот медиум „Мондо“.
За сместување во хотел во Макарска во просек треба да се издвојат 1.250 евра, додека цената за приватно сместување во стан се движи од 60 до 90 евра за ноќевање. Кога станува збор за храната и пијалаците, цените се разликуваат во зависност од тоа дали ќе јадете во ресторан или сами ќе готвите. За оброк во ресторан ќе ви требаат од 30 до 50 евра.
Најскапи се цените во Дубровник, каде што седумдневно летување за четиричлено семејство може да чини од 1.000 до 4.250 евра. Приватно сместување може да се најде и за 650 евра, додека цените во хотелите се поскапи.
Цените за ноќевање во северниот дел од хрватскиот брег се движат од 36 евра до 165 евра за лице. Во Ровињ се движат од 40 до 165 евра, во Опатија од 85 до 115 евра, во Лошињ од 70 до 150 евра, а во Пула од 67 до 79 евра.
Фото: Pixabay
Туристите годинава се жалат дека цените на хрватскиот брег се многу високи годинава.
- Поскапо е, и тоа двојно. Кафе никаде не може да се испие под 2 евра, а ништо подобра не е ниту ситуацијата со сладоледот бидејќи цените им се речиси изедначени - изјавила туристка во Макарска.
Во 2022 во Хрватска кај прехранбените производи најмногу поскапија маслото и брашното, но и сладоледот, тестенините, овошјето, сирењето, кафето и други производи. Нема голема промена во цените за жестоките алкохолни пијалаци, пивото, чоколадите, колбасите, ледените чаеви и какаото.
Извор:
Mondo
Насловна фотографија: Pixabay