За летување во Грција, со оглед на тоа дека се воведени туристички такси за сместување во хотели и станови, а и поради зголемувањето на патарините, ќе мора да платите меѓу 5 и 10 отсто повеќе пари од претходно.
Иако нема некој значителен пораст, факт е дека Грција оваа година за туристите е поскапа за околу 10 отсто во споредба со минатата година.
Фото: Mondo
Во зависност од категоријата, овие такси се движат од 1,5 до 4 евра по соба. Повеќето хотели во Грција веќе ги вклучија таксите во цената, па со плаќање аранжман во туристичка агенција главно луѓето веќе ги платиле, иако е важно да се знае дека еден дел од хотелите ги наплатуваат туристичките такси по престојот на туристите, што е вообичаена практика во Европа и со години се применува во градови во Италија и во Шпанија.
Кога станува збор за апартманите, таксата изнесува 0,5 евра на ден, што е 5 евра за цел апартман за престој од 10 дена, а кога станува збор за хотелите, во хотел со 5 ѕвезди таксата е 4 евра дневно, што за 10 дена е 40 евра.
Што се однесува до наводното воведување еколошка
такса на Халкидики, важно е туристите да знаат дека станува збор за лага.