X
 05.07.2022 Живот

Цените на угостителските услуги зголемени за 11,2 отсто во споредба со јуни 2021 година

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2022 година, во споредба со истиот месец од претходната година, е зголемен за 11,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2022 година, во споредба со мај 2022 година, е зголемен за 1,4%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 1,9%, алкохолни пијалаци за 0,7%, безалкохолни пијалаци за 0,4% и ноќевања за 0,3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2022 година, во споредба со истиот период од минатата година, е зголемен за 7,7%, додека во споредба со декември 2021 година е зголемен за 6%.

Насловна фотографија: Freepik
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот