X
 25.10.2021 Економија

Еве колку пораснале цените на недвижностите во светот лани

Многу економски индикатори имаа надолен тренд минатата година, но се чини дека тоа не е случај и со цените на недвижностите. Според глобалниот индекс на цени на домови на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), цените на домовите се зголемиле во три четвртини од над 60 земји во светот во 2020 година.

Анализа на ММФ покажува дека зголемувањето на цените е последица на ниските каматни стапки, мерките на владата и зголемениот број лица што работат од дома. Врз зголемувањето на цените на домовите влијаеле и нарушувањата во синџирот на снабдување.


Фото: IMF

Според податоците на ММФ, цените на недвижностите најмногу пораснале во Луксембург - за околу 17 отсто на годишна основа. Следуваат Турција со околу 15 отсто и Нов Зеланд со околу 13 отсто.

Цените на домовите пораснале за околу 9 отсто во Австрија и во Германија, за околу 7 отсто во Хрватска, за околу 5 отсто во Грција и за малку над 4 отсто во Бугарија.

Тие се зголемиле за помалку од 1 отсто во Македонија во текот на 2020 година, според анализата.

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија