X
 24.12.2018 Живот

Од Нова година поскапување на патарините во Грција од 60 до 150 отсто

Сите што патуваат во Грција од Нова година ќе се соочат со повисоки цени на патарините.

Интернет-страницата „Грцијаинфо“ објави дека според новиот начин за пресметување на цените на патарините според километража, од 1 јануари 2019 година во Грција ќе поскапат патарините.

Новиот начин на наплата ја зголемува цената на патарините од 0,03 евра на 0,05 евра по километар за автомобилите. Зголемувањето изнесува од 66 отсто до 150 проценти.

Возачите на патарината на Евзони наместо досегашните 1,80 евро, ќе плаќаат 3 евра, во Солун 0,69 евра, кај Асправалта 1,42 евро, во Кавала 2,36 евра, а меѓу Игуменица и Јанина 3,42 евра наместо досегашните 2,1 евра.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот