X
 13.06.2022 Економија

Кој плаќа најевтинo, а кој најскапo гориво во регионот?

Во регионот, цените на нафтените деривати се највисоки во Албанија, покажуваат податоци на веб-страницата „Глобал петрол прајсис“.

На 6 јуни годинава цената на еден литар премиум 95 октански безоловен бензин изнесувала 2,018 евра во Албанија, а 1,791 евро во Македонија.

Во Словенија, цената за еден литар била 1,560 евра, во Србија 1,568 евра, во Бугарија 1,637 евра а во Црна Гора 1,640 евра. Во Босна и Херцеговина еден литар бензин изнесувал 1,659 евра, во Хрватска 1,864 евра, а во Грција 2,356 евра.

Ситуацијата е слична со цените на дизелот. Во регионот, на 6 јуни најевтин дизел имала Црна Гора - 1,570 евра за литар. По неа следуваат Македонија со 1,661 евра, Словенија со 1,668 евра и Бугарија со 1,671 евра.

Во Босна и Херцеговина еден литар дизел чинел 1,672 евра, во Србија 1,757 евра, во Хрватска 1,839 евра, во Грција 1,933 евра, а во Албанија 2,043 евра.

Извор: Global petrol prices
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија