X
 05.08.2017 Живот

Урнебесна дијагноза на современото родителство во една реченица

Бунми Ладитам, блогерка и мајка, на својот профил на „Фејсбук“ го сподели совршениот опис на сите барања што општеството ги поставува пред модерните родители.

Како да се биде родител во 2017 година:


Погрижете се да бидат исполнети академските, емоционалните, психолошките, менталните, духовните, физичките, нутритивните и општествените потреби, а истовремено внимавајте детето премногу да не го стимулирате или, пак, недоволно да го стимулирате, водете сметка да го лекувате на вистински начин, да не бидете родител хеликоптер, ниту родител кој си го занемарува детето, чувајте го од екраните, преработената храна, генетски модифицираната храна, негативните енергии и пластики, овозможете му да создаде позитивна слика за својот изглед, да биде општествено освестено, со дух на еднаквост, но и со доволно авторитет, бидете грижливи, но развивајте му ја и самостојноста, бидете внимателни, но не и попустливи, хранете го со храна без пестициди, дајте му дом на два ката каде што ќе се зборува на повеќе јазици, во слепа улица без многу сообраќај, со голем двор и еден и пол брат или сестра, а разликата во возраста да биде, по можност, две години заради оптимален развој, а не заборавајте го ни кокосовото масло.

Како да се биде родител во буквално секоја генерација пред нашата:

Повремено нахранете го своето дете.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот