X
 20.06.2018 Живот

Познати добитниците што ЛУКОИЛ Македонија ќе ги испрати на Светското првенство во фудбал во Москва

На само неколку дена пред почетокот на најголемиот и најважниот спортски настан што ќе ја одбележи 2018 година ЛУКОИЛ Македонија израдува 4 свои лојални корисници со доделување на главните награди кои ќе ги однесат среќните добитници на Светското првенство во фудбал во Санкт Петесбург и Москва.

На прославата на најголемиот руски празник, 12 Јуни, Денот на Русија, а во организација на руската амбасада во Република Македонија, на свечената прослава во присуство на добитниците: Катерина Конеска, Индира Дрндар, Костадин Граматиков, сите тројца од Скопје, Андреј Куку, регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија и рускиот амбасадор во Р. Македонија, Олег Шчербак, им ги доделија наградите со кои секој од нив доби платено патување и сместување, како и по 1 карта за полуфиналниот меч во Санкт Петербург. Додека на денот на отворањето на Светското првенство, 14 јуни, господинот Куку и господинот Шчербак му ја врачија првата награда на Михаил Лазарев од Штип, кој доби 2 билета за финалниот меч во Москва и подмирени трошоци за патувањето и сместувањeто. По врачувањето на наградата во пријателска атмосфера сите заеднички го проследија мечот меѓу Русија и Саудиска Арабија, со кој се отвори Светското првенство.

„Отсекогаш Русија била моја посакувана дестинација, но во комбинација со можноста да се присуствува на еден толку голем настан како што е финалниот фудбалски меч кој ќе го закити победничкиот тим со епитетот „најдобрите во свет“, возбудата и задоволството се двојно поголеми. Од сè срце му благодарам на ЛУКОИЛ Македонија за искажаната можност и чест да се биде дел од овој историски момент. Јас и мојата сопруга со нетрпение го очекуваме денот на поаѓањето“, изјави добитникот на главната награда, Михаил Лазарев.



„На денот на најголемиот руски празник, 12 Јуни, кога се слави Денот на Русија, симболично го извлековме главниот добитник што ќе го испратиме во Москва на финалниот меч. Радоста ја споделуваме со добитниците и им посакуваме среќен пат и да навиваат за тимот во кој тие веруваат. Ни причинуваше особена чест да ја организираме оваа наградна игра каде што главните добитници ги носиме во земјата од која потекнува и ЛУКОИЛ и тоа на важен спортски настан. Сметаме дека грижата и благодарноста за лојалноста што ја добиваме од корисниците одвреме-навреме заслужува да биде дарувана и наградена, во таа насока ќе продолжиме и во иднина создавајќи релации и вредности вредни и за нив и за нас“, по повод доделувањето на наградите изјави Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Наградната игра траеше три месеци и во рамките на тој период на секои две недели беа реализирани 7 извлекувања. Во последното финално извлекување, учествуваат сите испратени кодови. Правилата за учество беа едноставни, со секоја направена сметка од 1.000 денари и испратена СМС-порака, со код на сметката, учесниците стануваа потенцијални добитници на една од многуте вредни награди, како што се телевизори и ваучери за спортска опрема.

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот