X
 16.05.2023 Живот

Овие земји нудат најмногу денови за одмор

Во Америка вработените можат да земат две платени слободни недели и повремен „летен петок“. Имено, американските работници во текот на првата година во компанијата во просек земаат 11 работни дена годишно, а по 5 години тој број се зголемува на 15.

Од друга страна, Европејците имаат законско право на четири недели платен одмор годишно, а некои земји од работодавците бараат да им дадат уште повеќе денови на своите вработени.

Од Франција до Австрија, ова се деветте европски земји во кои компаниите се обврзани на своите вработени да им дадат минимум пет недели платен одмор годишно.

Франција

Французите се познати како народ кој многу сериозно го сфаќа својот годишен одмор. Затоа, секој месец вработените во компаниите добиваат 2,5 дена одмор, односно 30 дена годишно.

1
Фото: Freepik

Помеѓу 1 мај и 31 октомври вработените со закон се обврзани да земат меѓу две и четири недели одмор, познат како главен одмор.

Цел месец

Во Андора работниците што биле вработени повеќе од шест месеци имаат право на 30 дена годишен одмор, а најмалку две недели годишен одмор мора да се користат последователно.

Земји со 28 дена платен одмор


Во Обединетото Кралство вработените имаат законско право на 28 слободни дена. Сепак, вработените можат да ги комбинираат слободните денови со празниците.

На вработените во Молдавија им се гарантираат 28 дена платен годишен одмор, со исклучок на државните празници.

Спојување на одморите

Вработените во Луксембург имаат два дена помалку годишен одмор, односно пет недели. За разлика од некои други земји, во Луксембург е дозволено да земете годишен одмор одеднаш, доколку во компанијата работите најмалку три месеци.

Најмала земја, најмногу празници

Сан Марино можеби е најмалата земја во светот, но врз основа на слободните денови, дефинитивно не треба да се игнорира. Имено, законски вработените имаат 26 дена годишен одмор. Освен тоа, Сан Марино има 20 државни празници, што значи дека вработените можат да земат вкупно 46 дена одмор секоја година. Со тоа, Сан Марино го зазема второто место во светот според бројот на слободни денови.

Во Шведска, по една година помината во компанијата, вработените имаат право на пет недели одмор, додека во текот на летните месеци работниците во повеќето индустрии имаат право да земат четири комбинирани недели одмор.

Згора на тоа, Швеѓаните се платени повеќе за време на нивните слободни денови и можат да пренесат до пет дена отсуство во следната година.

Вработените во Австрија имаат право на 25 дена годишен одмор, односно пет недели. По 25 години поминати во истата компанија, вработените добиваат уште една недела платен одмор годишно.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот